Ѕверка со црна перка

од Ванчо Полазаревски

Ајкулче едно
од тинејџ доба
до некои вистини
да дојде, проба:
 
– Мамо, од нас,
од тетки
и стрини наши,
сè живо
се плаши.
А видат перка
секој вреска,
Бегај!
Опасна ѕверка!
Стално иста шема,
за миг, жива
душа нема.
Туристи,
глави им чадат,
билети за дома,
трчаат, вадат. 
 
– Такви сме ние,
куршум не нè бие.
Секоја ајкула,
мускул
до мускула.
Таков ни е сојот,
твојот, мојот.
Имаме само
една мана,
цел ден
мислиме
на храна.
 
Ама, да ти
кажам сине,
и морето
има лоша
страна,
секој, секому
е – храна.
Затоа сите
се под стрес...
па дури и ти,
иако си морски пес.

Илустрација: Алексеј Костовски


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s