од Румена Бужаровска

Си била една чавка што обожавала да грака скокајќи си весело од гранка на гранка. Имала таа што многу да каже, но ја прекинал гавранот, лутото маже: „Зошто си ваква хистерична чавка? Уста не затвораш, везден ти џавкаш! Колку си гласна, колку си бучна! Од твоето гракање јас не се слушам! Не ти е срам да гракаш наглас? Да молчиш ти треба, ти кажувам јас!” Чавката рекла: „Но, гракаш и ти – ние сме од птиците зборлести.“ Ѝ вратил тој: „Мачкај ти очи на друг! Од тебе да не чујам веќе ни звук!” И, чавката летнала. Ѝ станало јасно, па врз глава му пуштила поздравче сласно.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки:
Добро бре луѓе имате ли вие минимум критериуми и рецензија на тоа што ќе пуштите јавно. Па како може да објавувате секакви глупости, за каква поезија станува збор. Дали е трагикомично, или просто трагично, или комично. Можеби човек некои работи едноставно не треба да ги коментира. Помислив да ставам линк на фб, ама нема да рекламирам глупости.
Ми се допаѓаМи се допаѓа