Штета да се држи диета
од Ванчо Полазаревски Меца наша, талент за круша и дренка, но не ја бива за манекенка. И чуму ѕверчево да се ѕверка, во чудово тежини што мерка? И утре да се вери, зошто со страв да се мери? Со ваков мед вистинска е штета, и не е во ред да се држи диета. Ќе си биде она што секогаш си била, срцка мецка од сто и кусур кила. Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден