Day: 27th Мај 2020

Стрижовден

од Владимир Лукаш Се сретнале еднаш полжавот Веднаш, жабецот Креш, болвата Чеш, ежицата Трна и анонимната срна под едно дрво – кралството на црвот. Го чекале в молк берберот волк влакна да им стрижне оти празник се ближи. Чекале и чекале и чекале за храна и вода пекале а од волкот ни трага ни глас… „Оф, леле, кутрата јас!“ – рече срната и пушти солза. „Од чекање немаме полза!“ – викна полжавот гласно оти трпението му спласна. „Нè заборави волкот… се смрачив, а бев в болскот…“ – се натажи Трна и кон дома тргна. „Јас ќе почекам, можеби ќе го дочекам. Шишкиве в очи ми влегуваат, ме скокоткаат, ме полудуваат!“ – болвата Чеш рече и по гаќи се слече оти сонцето пече ли пече. А волкот дома си спие, од жешкото се крие, денес не појде на работа оти, нели – сабота. Илустрација: Љубиша Камењаров Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени …