Day: 29th Мај 2020

Коњката Соњка

од Владимир Лукаш Нилскиот коњ во бикини грицка солени грисини, прави вешти салта од Перу до Малта! Најдобар е, знае и надуен се шлае, ко гнуто виолинист што не знае да игра твист. „Тоа не е коњ, туку коњка и се вика Соњка. Или научи да разликуваш полови, или оди, паси си со тролови!“ – викна лекторката пума и се стресе целата шума. А коњката салта си прави и плива со морски крави, со делфини фини од Лима до Римини, во гумени пераи и шарено бикини. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети Заспана басна Мите и Рина Врвци од црвци Пајакот сеирџија Мачки и скачки