од Владимир Лукаш

Нилскиот коњ во бикини грицка солени грисини, прави вешти салта од Перу до Малта! Најдобар е, знае и надуен се шлае, ко гнуто виолинист што не знае да игра твист. „Тоа не е коњ, туку коњка и се вика Соњка. Или научи да разликуваш полови, или оди, паси си со тролови!“ – викна лекторката пума и се стресе целата шума. А коњката салта си прави и плива со морски крави, со делфини фини од Лима до Римини, во гумени пераи и шарено бикини.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: