Month: м.г

Богомолка со болка

од Ванчо Полазаревски „Ни траг од бонтон“,  рече еден слон. „Полошо и од одење на забар“, изјави господин дабар. „Ужас“, рече  една школка „Страшно“, додаде  средношколка. Зар е можно, богомолка да јаде  богомолка? Можно е  можно, и можеби е   и безбожно, но болно  до болка, вистина е,  богомолка  јаде – богомолка. Не е до модата, едноставно таква им е –  природата! Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден

Најчитани песни (мај)

Драги мали и големи читатели, во прилог вашата листа: најчитаните песни на Чудна шума во месец мај. „Бучната чавка“ од Румена Бужаровска, илустрација Јана Јакимовска „Гладната лама“ од Румена Бужаровска, илустрација Јана Јакимовска „Трилиони клети“ од Владимир Лукаш „Замокот на змејот“ од Снежана Стојчевска, илустрација Калин Маловски „Велосипет“ од Тања Аждаја, илустрација Владимир Лукаш „Гордиот црв“ од Румена Бужаровска, илустрација Јана Јакимовска „Сон со бонтон“ од Тања Аждаја, илустрација Ване Костуранов „Се шета Миливојче“ од Ана Голејшка Џикова „Еж и ежица“ од Ванчо Полазаревски „Врвци од црвци“ од Владимир Лукаш, илустрација Катерина Николовска „Слонот од сонот“ од Марта Чупевска, илустрација Бојан Ивановиќ „Облакот сив“ од Долорес Атанасова – Лори

Кога летаат лилјаците

од Ванчо Полазаревски Кога летаат лилјаците, сите ги менуваат фаците, од страв се тресат оџаците, ужасно бледнеат облаците. И, што? Да не летаат лилјаците? Пеш да не треба да одат? Како да не?! Пеш ќе одат, кога на куков ден ќе се родат. Грди биле лилјаците? Од нив се плашеле и пешаците и јунаците и чираците и стручњаците, (ама не и дивјаците.) И што треба да прават лилјаците? На козметичар да одат – да ги разубават фаците? Кај пластични хирурзи – да потстегнат стомаците? Како да не?! Лилјаците си се лилјаци, и ништо не им фали на нивните фаци и стомаци. Ете, една Цаци рече, „Баш се фаци, и од род се отмен, на славниот Бетмен“. Илустрација: Алексеј Костовски Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила …

Куќичка за птици

од Ана Голејшка Џикова Куќичка за птици направив на небо секој ден им оставам трошки од лебот. Дизајн/илустрација: Vecteezy. Од истата авторка: Сонливото зајаче Гасеница малечка Пролет Пиле во карантин Глувчето со полно меше Шумско диско Штркот манекен Песна за добра ноќ

Верче, нишалче ѕверче

од Ванчо Полазаревски Каква радост, каква смеа, кој е како неа?! Се ниша, жирафче Верче, слатко мало, нишалче ѕверче. Се ниша и се дума, жими сè, не е глума. „Во цела савана само за мама велат – ене ја онаа, највисокана. Ем мајка, ем нишалка.“   Се прашувам, само, кој и како ѝ земал мерка, кога ја измислувал оваа мила ѕверка! Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден

Волк

од Марта Чупевска Кога волкот  Го шина колкот Го прекрши молкот Почна силно да завива Соседите мислеа навива Неговите вресоци и крици Се слушаа низ цели улици До полицијата стасаа поплаки Не се трпат овие викотници јаки Дајте му нешто за смирување Инаку нема легнување. Волчко инјекција прими И веднаш се смири. Илустрација: Бојан Ивановиќ Од истата авторка: Собата на Вук Гатанка една, една ама вредна (1) Слонот од сонот Гатанка една, една ама вредна (2)

Снегулка во лето

од Ванчо Полазаревски Се случува и тоа, ете, замислете, падна снегулка среде лете. Па се чуди, „Што е со светов, горе зима, долу лето.“ За час се стопи и целосно се вклопи на плажа, како капка, со децата весело си шлапка. Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден