Day: 3rd Јуни 2020

Водо-пат

од Тања Аждаја Стои мала капка на јаболков лист и сонува да стане водопад чист.   Полека се лизга, почнува да паѓа и сонува како во млаз нов се раѓа.   Запира, се тетерави, за лист се држи дур ветрот ја колеба и низ гранки ’ржи.   „Вода сум, паѓам, но водопад не сум – нит реки раѓам, нит полна со бес сум.  Никогаш езеро не ќе видам јас, ни море, ни река со жуборлив глас.“   Облак ја слушна бескрајната тага  па испрати дожд до капката драга. Ја пречека земја со сласт за влага во нивата под дрвената снага.   Заробена помеѓу грутки и трева, сал поглед кон небото капката крева.   „Никогаш нема в река да идам и водопад в шума јас да бидам.“   Сонцето го виде тој плач тажен и без никому нешто да каже  зрак испрати од небо – ко јаже до земјата – на разговор важен.   И пред да каже и друг таговен збор, капката испари до облаков двор.   А облакот, со дождовни капки преполн, се истури …

Воден циклус – кружење на водата

Водениот циклус или кружното движење на водата е процес кој го опишува постојаниот кружен тек на вода во Земјата и нејзината атмосфера. Водата патува низ земјата и атмосферата во три различни агрегатни состојби: цврста (мраз), течна (вода) и гасовита (пареа).  Иако водата се смета за обновлив ресурс, на Земјата има ограничени количини вода. Целата вода на планетата се движи низ природата во затворен циклус, кој се состои од повеќе фази:  – испарување на водата од океаните и другите водени површини, односно менување на водата од течна во гасовите состојба; – транспирација (испарување на водата од растенијата); – задржување на водата во атмосферата (во форма на пареа, облаци или влага); – кондензација на водата – менување на водата од пареа во течност; – врнежи –  ослободување на водата, во течна (дожд) или цврста форма (снег, град) од облаците; – акумулација (собирање на водата во мраз или снег);  – истекување на водата од мразот и снегот во водотеците (реките, потоците); – акумулација на врнежите и истечените води во поголемите водени површини (слатки води – езера и солени води – …