Те сакам
од Владимир Лукаш Има еден фламинго што ролшуи вози, а зад него ита динго со три леви нозе. Тој фламинго розов пие само боза, јаде мушички и трошки и шие облека за вошки. Од утрото се крие и до пладне спие, пердувите си ги мие само дожд кога лие. Тој розов фламинго што на полноќ вика „Бинго“, вљубен е во една чудна птица што стои на виолинска жица. Милно ја гледа и песни ѝ крои, минутите без неа не ги ни брои. Штом таа му џивне „Те сакам“, исчезнува сета негова мака. Обој го фламингото што ќе го најдеш ТУКА. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети Заспана басна Мите и Рина Врвци …