Те сакам

од Владимир Лукаш

Има еден фламинго
што ролшуи вози,
а зад него ита динго
со три леви нозе.
 
Тој фламинго розов
пие само боза,
јаде мушички и трошки
и шие облека за вошки.
 
Од утрото се крие
и до пладне спие,
пердувите си ги мие
само дожд кога лие.
 
Тој розов фламинго
што на полноќ вика „Бинго“,
вљубен е во една чудна птица
што стои на виолинска жица.
 
Милно ја гледа и песни ѝ крои,
минутите без неа не ги ни брои.
Штом таа му џивне „Те сакам“,
исчезнува сета негова мака.

Обој го фламингото што ќе го најдеш ТУКА.


Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s