Од животот на китовите
од Ванчо Полазаревски Кога еден кит е сит? Кога стомакот до горе Му е полн Со цело едно море. Што прави китот Кога има цунами, Да речеме, кај Бахами? Ништо, не драми, Мирно си оди на спиење. Пардон, прво облекува пижами. Што прави китот кога Се жени, кога има свадба? Од морето прави дивоградба. А сватови му се бранови, Големи како кранови. Што би купил китот во мол? Нешто против многу сол. Со тоа нешто, нешто да прави, Оти од славниот му водоскок Очите му се веќе многу лилави. Како се разминуваат Два кита меѓу два океана? Никако, секој си останува На својата страна. Кога еден кит ќе сретне друг кит Што си мисли та едниот, та и другиот? Што?! Топ…, има и друг кит, Не исчезнал сосем нашиов вид. А кога делфин кул и ајкула Ќе видат кит како лета, па Врескаат: „Кит што лета! Китов Лета! О, мајко мила!“ Тој мирно: „Па што, на фантазијата Треба само да ѝ дадеш малку крила.“ Кога китот мошне се забавува? Кога виножитце во водоскокот Негов малку му …