Day: 6th Јуни 2020

Збунетата жаба

од Ана Голејшка Џикова Една жаба мала Кре кре кре си крека Се нашла во чудна бара Никој не ја чека.   Кај ми се другарките Тие жабички скришни? Зошто наместо во вода, Лежам во купче вишни?   Се вртка, се чуди Не знае што ја снашло Виде-не виде Си легна на брашно.   Жабата по грешка Скокнала во тегла слатко Со лажиче ја спаси Еден мал Влатко.   Со катапулт ја лансира Во дворчето водено Жабата со вишни на нозете Прета и крека слободно. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истата авторка: Сонливото зајаче Гасеница малечка Пролет Пиле во карантин Глувчето со полно меше Шумско диско Штркот манекен Песна за добра ноќ