од Ана Голејшка Џикова

Една жаба мала Кре кре кре си крека Се нашла во чудна бара Никој не ја чека. Кај ми се другарките Тие жабички скришни? Зошто наместо во вода, Лежам во купче вишни? Се вртка, се чуди Не знае што ја снашло Виде-не виде Си легна на брашно. Жабата по грешка Скокнала во тегла слатко Со лажиче ја спаси Еден мал Влатко. Со катапулт ја лансира Во дворчето водено Жабата со вишни на нозете Прета и крека слободно.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истата авторка: