Day: 7th Јуни 2020

Крокодилот гурман

од Ванчо Полазаревски Каде, ако не кај реката Нил, живее малку чуден крокодил. Страв и трепет од  ништо не се плаши, ама ете, ужива да  остава тигри без опаши. А тигар без опаш, ви кажувам вам, за сиот мачешки род е жив срам. „Не ме мрзи цели да ги јадам,  сакам со опаши да се сладам,  друго…. одбивам да јадам.“ Изјави овој крокодил, ексклузивно за ТВ Нил. „Знаете, тие опавчиња, тие вкусни залчиња, каков само деликатес…” „Да…“ коментира еден тигролог. „Опашите му се д бест. За да се најаде, без опаш ќе останат тигри, најмалку пет-шест. Потоа од срам во џунгла се кријат.  И редно е, да ви кажам право, овој гурман малку да го бијат.“ Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море …

Две лисици друшки

од Александра Симова Две лисици друшки Седнале крај реката бесна И со срциња и бакнежи Пишуваат писма и песни.   Едната вљубена во зајак, Другата во див крокодил. Нивните семејства дома Се држат за глава и за тил!   „Ах, колку е убав и брз,  Со опавче мало, бело Со уши долги, клапушести Зајакот мој е ремек-дело!“   „Врска немаш, да ти кажам, Дечко ти брз – не се ни стига. Со кожа рапава и груба  Кроки мој е прва лига.“   Си збореле така Си мереле вкус Додека не прошетал Јазовецот кус.   „Ох, какви мустаци!“  „Ох, каква става!“ „Какви ситни очиња!“ „Ах! Долгнавеста глава!“   Им светнале очите силно Се уплашил јазовецот мал Се вљубиле лисиците лудо А тој во бегство се вдал.   „Дојди кај мене!“  „Не, јазовецу, стој!“ „Јас прва го видов!“ „Мисли си, тој е мој!“   Летаат крзна и опашки  Се слуша фучење бесно Каква битка, драги гледачи Па зар има љубов лесна?   Јазовецот кутар, бега Се скри зад едно дрво  Тие се фатија за гуша  Секоја сака …