Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Крокодилот гурман

од Ванчо Полазаревски

Каде, ако не кај реката Нил,
живее малку чуден крокодил.
Страв и трепет од 
ништо не се плаши,
ама ете, ужива да 
остава тигри без опаши.
А тигар без опаш, ви кажувам вам,
за сиот мачешки род е жив срам.
„Не ме мрзи цели да ги јадам, 
сакам со опаши да се сладам, 
друго.... одбивам да јадам.“
Изјави овој крокодил,
ексклузивно за ТВ Нил.
„Знаете, тие опавчиња,
тие вкусни залчиња,
каков само деликатес..."
„Да...“ коментира еден тигролог.
„Опашите му се д бест.
За да се најаде, без опаш
ќе останат тигри, најмалку пет-шест.
Потоа од срам во џунгла се кријат. 
И редно е, да ви кажам право,
овој гурман малку да го бијат.“

Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s