Day: 10th Јуни 2020

Прасето слонче

од Владимир Лукаш Нит’ в трол нит’ в Баба Рога, нит’ в црква, џамија ил’ синагога, нит’ во вештерка нит’ во вампир не верува храбриот тапир. Тој е нешто како прасе, но многу поголем расте. Има сурла ко на бебе-слонче и грицка гранче ко бонбонче. Со сите се дружи, шармер е прав, и за сè има беспрекорен став. Јапонците веруваат оти кошмари јаде и му простуваат кога вишни им краде. Прочитај повеќе за ова животно ТУКА. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети Заспана басна Мите и Рина Врвци од црвци Пајакот сеирџија Мачки и скачки

Тапир

Тапирот е цицач со силно тело, кратки нозе, копита и малечка, кратка сурла слична на онаа на слонот. Негови роднини, всушност, се коњите, зебрите и носорозите.  Тапирите се срамежливи животни што живеат во длабоките шуми, во близина на реките и во мочуриштата. Тие спијат во поголемиот дел од денот, а ноќе излегуваат да јадат трева, лисја, овошки…  Има повеќе видови тапири. Некои од нив живеат во Централна и во Јужна Америка, а други во Југоисточна Азија. Сите тапири се сметаат за загрозени животни.