од Владимир Лукаш

Нит’ в трол нит’ в Баба Рога, нит’ в црква, џамија ил’ синагога, нит’ во вештерка нит’ во вампир не верува храбриот тапир. Тој е нешто како прасе, но многу поголем расте. Има сурла ко на бебе-слонче и грицка гранче ко бонбонче. Со сите се дружи, шармер е прав, и за сè има беспрекорен став. Јапонците веруваат оти кошмари јаде и му простуваат кога вишни им краде.
Прочитај повеќе за ова животно ТУКА.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: