Тапирот е цицач со силно тело, кратки нозе, копита и малечка, кратка сурла слична на онаа на слонот. Негови роднини, всушност, се коњите, зебрите и носорозите.
Тапирите се срамежливи животни што живеат во длабоките шуми, во близина на реките и во мочуриштата. Тие спијат во поголемиот дел од денот, а ноќе излегуваат да јадат трева, лисја, овошки…
Има повеќе видови тапири. Некои од нив живеат во Централна и во Јужна Америка, а други во Југоисточна Азија. Сите тапири се сметаат за загрозени животни.


