од Ванчо Полазаревски

Мајски цветен пејзаж, срца разни грее, змивка зеленосивка шета, никој среќен како неа не е. Скока по ливада со панделка алова, расположена ко бавча портокалова. „Ама е срцка овој свет, зад мене пчелка, пред мене цвет до цвет. Убавина има за секој по ред. Решив, отровот ќе го донирам за хумани медицински цели, ќе се хранам само со плодови зрели. Само, го молам минувачот, во шума и планина, да не гази потамина Знаете, јас сум влекач, тоа ми е маана, да ми даде знакче, да се тргнам на страна.“ Сè стана поубаво во овој свет, Оти зеленосивка, ко што беше ред прочита на својот мобилен твит: „Змивче драго, едвај чекам да сретнам змија од твојот вид.“
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: