Не е лесно да си коза
од Ванчо Полазаревски Слушај меее! Не е лесно, а ни интересно, туку просто е ко боза, чуму ми е да сум – коза? Да. Не е едноставно, А што брстиш, не баш бавно, гранки кревки, танки, најубави фиданки? Меее! Така ќе да е. Цел ден брстам гранка, ама по ридови се козам, а вечерта секоја странка: „Дојди, да те молзам.“ Да, не е баш тој систем наш, козо драга, за браво, ама сирењето, што е право, тооолку ти е здраво… Тоа точно е. Но не е сѐ. Меее! Не е лесно и душа ме боли чедна, покрај сѐ ова, да се слуша „Козо мори, една!“ Е, да. Во право е. Меее! Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот …