од Ванчо Полазаревски

Слушај меее! Не е лесно, а ни интересно, туку просто е ко боза, чуму ми е да сум - коза? Да. Не е едноставно, А што брстиш, не баш бавно, гранки кревки, танки, најубави фиданки? Меее! Така ќе да е. Цел ден брстам гранка, ама по ридови се козам, а вечерта секоја странка: „Дојди, да те молзам.“ Да, не е баш тој систем наш, козо драга, за браво, ама сирењето, што е право, тооолку ти е здраво... Тоа точно е. Но не е сѐ. Меее! Не е лесно и душа ме боли чедна, покрај сѐ ова, да се слуша „Козо мори, една!“ Е, да. Во право е. Меее!
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: