Колевка
од Славица Купенкова
од Славица Купенкова
од Владимир Лукаш Кога дрвјата раскажуваат,ветровите тивко дуваат,животните ушите ги чулат,зашто сакаат сè да чујат.Секоја гранка своја приказна има,секој лист е скапоцена рима. Секвојата сака да драми,врбата со лирика мами,баобабот зборува смешно,црешáта акцéнтира грешно,елката нон-стоп озборува,палмата на сите им се додворува. Само едно дрво молчи,зборче не може да срочи.Ниту пее, ниту се смееи тивко под облаци тлее.Од него туфни бликаат,в шума жирафа го викаат. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети Заспана басна Мите и Рина Врвци од црвци Пајакот сеирџија Мачки и скачки
Џиновската секвоја е најстарото, највисокото, најдолговечното дрво на планетата. Таа е воопшто најмасивното дрво на светот, со просечна висина од 50 до 85 метри и широчина на стеблото од 6 до 8 метри. Џиновските секвои се вбројуваат и меѓу најстарите живи организми на планетата. Најстарата жива секвоја има 3266 години. Секвоите ги има во Северна Америка – во државата Калифорнија.
Баобаб е големо дрво што најчесто се сретнува во африканските савани и на островот Мадагаскар. Баобабите можат да пораснат и до 30 метри, а дебелината на стеблото, кое служи како еден вид резервоар за вода, може да достигне и до 11 метри. Водата што ја складира во стеблото, баобабот ја користи за да преживее во долгите сушни денови. Неговите плодови служат како храна на многу животни од саваната.