
Баобаб е големо дрво што најчесто се сретнува во африканските савани и на островот Мадагаскар. Баобабите можат да пораснат и до 30 метри, а дебелината на стеблото, кое служи како еден вид резервоар за вода, може да достигне и до 11 метри.
Водата што ја складира во стеблото, баобабот ја користи за да преживее во долгите сушни денови. Неговите плодови служат како храна на многу животни од саваната.

