од Славица Купенкова

Ноќта ја спушта сребрената лушпа ѕвездичките верни да не му ги стемни. Колевка мала во собата стои нежни плетки од предиво крои дур месечко крчи и дува во ноќта бескрајно глува. За темнина малку знае малото кутре надвор што лае, слушнал, на прсти крадецот лази па верно куќата тој си ја пази. Колевка со плетало спремна новиот котелец го легна, а во неа дете кое го гради царството свое. Во мало буре сонот го кладе во длабочините да го даде со плетеница под рака да го лула, да го сака.
Илустрација: Славица Купенкова