Day: 15th Јуни 2020

Што заклучи Миле?

од Круме Беќар „Ав, ав“, залаа песот Блеки. „Каде се моите виршли, топли и меки? Пред 5 минути тука беа и уште се чуреа“.   „Мјау, мјау“, се слушна глас од Маца се оближа со јазикот и направи фаца.  „Дур ти трчаше и од умор капна јас виршлите си ги лапнав“.   Ја погледна Блеки и за’ржа страшно: „Ќе те смачкам сега, ти мачкиште гнасно“. А таа се стутка, ко костреш стана и се подготви за одбрана.   Ама среќа имаше – голема Миле од школо се врати и ги здогледа. Ги избрка мавтајќи со школската торба и така ја спречи таа нивна борба.   Блеки се сврти и магла фати ограда скокна без опаш да клати, а Маца без да се мачи на блиското дрво се качи.   Па Миле размисли и во себе си рече „Од ова поука, мора да се извлече“.   Значи, ако си бавен ќе останеш гладен  но, ако си лаком за другарство си страден. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Болен зајко Додо

Саламандер во скафандер

од Ванчо Полазаревски Што?! Каква е оваа мода?! Саламандери маскирани низ шумата одат. А еден, пак, исто саламандер, навлекол – цел скафандер. Се влечка, тешко лази, што да прави, од вирус се пази. Каков вирус, каква епидемија? Е па, човек почна да кисне во шумата и сите грижи веднаш се зголемија. Вака е веќе, чинам, неколку поколенија. А саламандерот нежен, мора така, да е на штрек, бар дур не се пронајде лек. Карантин, маска…  сè што треба, да е среден, оти човекот ќе направи, уште овој век, саламандер да не остане – ниту еден. Илустрација: Алексеј Костовски Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден