од Ванчо Полазаревски

Што?! Каква е оваа мода?! Саламандери маскирани низ шумата одат. А еден, пак, исто саламандер, навлекол – цел скафандер. Се влечка, тешко лази, што да прави, од вирус се пази. Каков вирус, каква епидемија? Е па, човек почна да кисне во шумата и сите грижи веднаш се зголемија. Вака е веќе, чинам, неколку поколенија. А саламандерот нежен, мора така, да е на штрек, бар дур не се пронајде лек. Карантин, маска... сè што треба, да е среден, оти човекот ќе направи, уште овој век, саламандер да не остане - ниту еден.
Илустрација: Алексеј Костовски
Од истиот автор: