од Круме Беќар

„Ав, ав“, залаа песот Блеки. „Каде се моите виршли, топли и меки? Пред 5 минути тука беа и уште се чуреа“. „Мјау, мјау“, се слушна глас од Маца се оближа со јазикот и направи фаца. „Дур ти трчаше и од умор капна јас виршлите си ги лапнав“. Ја погледна Блеки и за’ржа страшно: „Ќе те смачкам сега, ти мачкиште гнасно“. А таа се стутка, ко костреш стана и се подготви за одбрана. Ама среќа имаше – голема Миле од школо се врати и ги здогледа. Ги избрка мавтајќи со школската торба и така ја спречи таа нивна борба. Блеки се сврти и магла фати ограда скокна без опаш да клати, а Маца без да се мачи на блиското дрво се качи. Па Миле размисли и во себе си рече „Од ова поука, мора да се извлече“. Значи, ако си бавен ќе останеш гладен но, ако си лаком за другарство си страден.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: