Верче, нишалче ѕверче
од Ванчо Полазаревски Каква радост, каква смеа, кој е како неа?! Се ниша, жирафче Верче, слатко мало, нишалче ѕверче. Се ниша и се дума, жими сè, не е глума. „Во цела савана само за мама велат – ене ја онаа, највисокана. Ем мајка, ем нишалка.“ Се прашувам, само, кој и како ѝ земал мерка, кога ја измислувал оваа мила ѕверка! Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден