Day: 26th Јуни 2020

Кога летаат лилјаците

од Ванчо Полазаревски Кога летаат лилјаците, сите ги менуваат фаците, од страв се тресат оџаците, ужасно бледнеат облаците. И, што? Да не летаат лилјаците? Пеш да не треба да одат? Како да не?! Пеш ќе одат, кога на куков ден ќе се родат. Грди биле лилјаците? Од нив се плашеле и пешаците и јунаците и чираците и стручњаците, (ама не и дивјаците.) И што треба да прават лилјаците? На козметичар да одат – да ги разубават фаците? Кај пластични хирурзи – да потстегнат стомаците? Како да не?! Лилјаците си се лилјаци, и ништо не им фали на нивните фаци и стомаци. Ете, една Цаци рече, „Баш се фаци, и од род се отмен, на славниот Бетмен“. Илустрација: Алексеј Костовски Од истиот автор: