Богомолка со болка
од Ванчо Полазаревски „Ни траг од бонтон“, рече еден слон. „Полошо и од одење на забар“, изјави господин дабар. „Ужас“, рече една школка „Страшно“, додаде средношколка. Зар е можно, богомолка да јаде богомолка? Можно е можно, и можеби е и безбожно, но болно до болка, вистина е, богомолка јаде – богомолка. Не е до модата, едноставно таква им е – природата! Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден