од Ванчо Полазаревски

„Ни траг од бонтон“, рече еден слон. „Полошо и од одење на забар“, изјави господин дабар. „Ужас“, рече една школка „Страшно“, додаде средношколка. Зар е можно, богомолка да јаде богомолка? Можно е можно, и можеби е и безбожно, но болно до болка, вистина е, богомолка јаде – богомолка. Не е до модата, едноставно таква им е – природата!
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: