Наталија во земја Црешалија

од Ванчо Полазаревски

Еднаш десно од лево
блиску до бело
едно градско село,
во земјата Црешалија
нашата Наталија
со обетки од
црешови ветки
дојде во судир со
своите две сосетки.
Како првка,
беше резеда црвка
по име Врвка.
А како вторка,
чавката Зорка.
– Доста китење,
пред огледала седење,
време е за цреши јадење
– рече Врвка.
И Зорка се вмеша
оти ѝ се јадеше цреша.
– И од мене критики,
за тие козметики.
Ама неочекувано
(каков срам
и за мене што
ова го пишувам)
се вмеша и
џиновската цреша.
– Да се разбереме,
нема што да одбереме,
јас сум цреша за украс,
измислена, на сликава
вешто да ме додадат,
а не за црвчиња и
чавки да ме јадат.

Илустрација: Наташа Костовска


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s