Во светот на диносаурусите
од Славе Ѓорѓо Димоски
од Славе Ѓорѓо Димоски
Сколосаурус бил специјален вид на анкилосаурус. Значење на името: Гуштер со стрчести боцки Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Креда (пред 80-67 милиони години) Исхрана: хербивор
Анкилосаурусот бил голем оклопен диносаурус. Тој одел на четири нозе и имал цврст оклоп со плочки и јазли, од главата до опашката. Опашката, дополнително, личела на голем боздоган. Тој бил хербивор, што значи дека се хранел само со растенија, а неговата уста во форма на мал клун била мошне силна – за со неа да може да ги гризе и џвака цврстите лисја и гранки на растенијата. Анкилосаурусот бил еден од најголемите оклопни диносауруси. Значење на името: Споен гуштер Период во кој живеел: Мезозоик, Креда (пред 66 милиони години) Исхрана: хербивор
Тираносаурусот бил вид на месојаден диносаурус од родот на тероподите. Имал голема глава со страшни челусти, долга опашка, а се движел на задните нозе на кои имал големи канџи. Бил опасен ловец кој се хранел со други диносауруси. Значење на името: Крал на гуштерите-тирани Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Креда (пред 66-67 милиони години) Исхрана: карнивор (месојад)
Хадросаурусот бил џиновски хербивор од родот на орнитоподите кој живеел во стада и се движел на двете задни нозе. Негов најблизок роднина бил Игуанодонот. Значење на името: Јак гуштер Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Креда (пред 83-80 милиони години) Исхрана: хербивор
Деиноникусот бил диносаурус од родот на тероподите, кој имал пердуви како птица и клунеста уста. Името деиноникус (Ужасна канџа) му доаѓа од големата канџа во форма на срп што ја имал на вториот прст на задните нозе. Се движел на двете задни нозе, а и задните и предните нозе му служеле за лов. Во силните челусти имал околу 60 остри заби. Негови блиски роднини биле микрорапторот и велоцирапторот. Значење на името: Ужасна канџа Период во кој живеел: Мезозоик, Рана Креда (пред 118-110 милиони години) Исхрана: карнивор (месојад)
Алосаурусот бил вид на месојаден диносаурус од родот на тероподите. Се смета за еден од најкрволочните диносауруси од периодот Јура. Бил многу голем и тежок, но се движел брзо и лесно, исправен на задните нозе, додека предните нозе и големите челусти му служеле за лов. Задните нозе исто така ги користел при ловот. Значење на името: Чуден гуштер Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Јура (пред 156-145 милиони години) Исхрана: карнивор (месојад)
Апатосаурусот бил џиновски диносаурус од родот на сауроподите, заедно со диплодокусот и брахиосаурусот. Бил хербивор, што значи дека се хранел со растенија. Се движел на четири нозе, а долгиот врат, како на жирафа, му овозможувал да ги досегне лисјата и од највисоките дрвја. Кога влегувал во длабока вода, главата му останувала над површината. Значење на името: Лажлив гуштер Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Јура (пред 156-151 милиони години) Исхрана: хербивор
Името диплодокус (што значи Двојна гранка) го добил по големата пршленеста опашка со која се бранел од диносаурусите-грабливци. Инаку, тој е џиновски диносаурус од родот на сауроподите, многу сличен на брахиосаурусот и апатосаурусот. Значење на името: Двојна гранка Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Јура (пред 156-151 милиони години) Исхрана: хербивор
Брахиосаурусот бил диносаурус од родот на сауроподите, заедно со диплодокусот и апатосаурусот. Бил еден од најголемите диносауруси на Земјата. Тој имал долг врат како жирафите, долга опашка, силен труп и одел на четири нозе. Значење на името: Гуштер-рака Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Јура (пред 156-151 милиони години) Исхрана: хербивор