Апатосаурусот бил џиновски диносаурус од родот на сауроподите, заедно со диплодокусот и брахиосаурусот. Бил хербивор, што значи дека се хранел со растенија. Се движел на четири нозе, а долгиот врат, како на жирафа, му овозможувал да ги досегне лисјата и од највисоките дрвја.
Кога влегувал во длабока вода, главата му останувала над површината.

Значење на името: Лажлив гуштер
Период во кој живеел: Мезозоик, Доцна Јура (пред 156-151 милиони години)
Исхрана: хербивор