од Славе Ѓорѓо Димоски

Влегов во светот на диносауруси и еве ви ги праќам впечатоците куси: Глетка – прекрасна со треви и води, не многу гласна но со чудни згоди. Џинот брахиосаурус го кренал својот врат пред алосаурусот – најкрвавиот брат. Луто деиноникусот го демне хадросаурусот пред тираносаурусот дреме сколосаурусот. И многу, многу згоди Во овој чуден лов, додека не ме изгони сонот – времеплов.
Дизајн/илустрација: Freepik.
Од истиот автор: