Деиноникусот бил диносаурус од родот на тероподите, кој имал пердуви како птица и клунеста уста. Името деиноникус (Ужасна канџа) му доаѓа од големата канџа во форма на срп што ја имал на вториот прст на задните нозе.
Се движел на двете задни нозе, а и задните и предните нозе му служеле за лов. Во силните челусти имал околу 60 остри заби.
Негови блиски роднини биле микрорапторот и велоцирапторот.

CC-BY-4.0.
Значење на името: Ужасна канџа
Период во кој живеел: Мезозоик, Рана Креда (пред 118-110 милиони години)
Исхрана: карнивор (месојад)