Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Баже

од Владимир Лукаш

Еден ден си излезе од јајце бело
едно патковидно цицалче смело.

Рече „Здраво!“ и в река се шлапна
откако претходно црвче си лапна.

Со тело на видра и глава на патка,
беснее в река, а на копно се матка.

Се вика клунар, но го викаат Баже.
Да чуеме што тој има да ни каже:

„Од Австралија сум и баш сум фин,
еве, прашајте кој било Абориџин.

Познат сум и под името платипус
и сакам да јадам глисти со кускус.

На полно инструменти знам да свирам
и со бумеранзи вешто си жонглирам.

Со сите се дружам, не сум лутко,
а најдобар другар ми е бувот Утко.

Ми беше драго, но сега одам в сон,
имам состанок со еден клунест слон“.

Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s