од Ванчо Полазаревски

Еднаш на гости, на едни глувци, малкуцка прости, им дојде мачор од Италија. Тие веднаш се пофалија: - Со него се мајтапиме, остри канџи ич не му есапиме! Сакаме гости кога се на пости. Е, глувци-муфци, џабе се испофалија, имаат среќа, голема ко Италија. Мачорот што им е на гости, не пости, мачорот „италијанец“ е мачор - вегетаријанец.
Илустрација: Катерина Николовска
Од истиот автор: