Наскоро: „Езеро“ од Тадеј Голоб
Оваа есен, во издание на Чудна шума ќе излезе македонскиот превод на романот „Езеро“ на словенечкиот писател Тадеј Голоб. „Езеро“ (2016) е првиот словенечки крими-роман. По огромната популарност на романот, во 2019 година направена е и истоимената ТВ-серија, прва крими-серија во Словенија. Ја крена главата и погледна во водата што беше замрзната по краевите. Од мразот се подаваше нешто бело. Толку бело што во вечерниот мрак изгледаше вештачки, пластично, како рака на изложбена кукла. Кој би фрлил пластична кукла од излог в река, си помисли. Тарас Бирса, виш криминален инспектор од полициската управа во Љубљана, на новогодишната ноќ, се враќа од скијање на Вогел. Додека се пробива низ снежната бура кон дома, наидува на една девојка која во реката нашла непрепознатлив труп на млада жена. Која е жртвата? Кој е убиецот? Дали злосторството го извршил некој лудак или непознатата е жртва на заговор? Како да се најде сторителот ако не се знае која е жртвата? „Езеро“ е крими роман кој ги помести границите на популарната фикција во рамки на словенечката книжевна сцена, успеа да заинтригира …