Наскоро: „Езеро“ од Тадеј Голоб

Оваа есен, во издание на Чудна шума ќе излезе македонскиот превод на романот „Езеро“ на словенечкиот писател Тадеј Голоб. „Езеро“ (2016) е првиот словенечки крими-роман. По огромната популарност на романот, во 2019 година направена е и истоимената ТВ-серија, прва крими-серија во Словенија.

Ја крена главата и погледна во водата што беше замрзната по краевите. Од мразот се подаваше нешто бело. Толку бело што во вечерниот мрак изгледаше вештачки, пластично, како рака на изложбена кукла.

Кој би фрлил пластична кукла од излог в река, си помисли.


Тарас Бирса, виш криминален инспектор од полициската управа во Љубљана, на новогодишната ноќ, се враќа од скијање на Вогел. Додека се пробива низ снежната бура кон дома, наидува на една девојка која во реката нашла непрепознатлив труп на млада жена. Која е жртвата? Кој е убиецот? Дали злосторството го извршил некој лудак или непознатата е жртва на заговор?

Како да се најде сторителот ако не се знае која е жртвата?


„Езеро“ е крими роман кој ги помести границите на популарната фикција во рамки на словенечката книжевна сцена, успеа да заинтригира голема читателска публика и да ги обедини литературните критичари во заклучокот дека се работи за добро осмислена и мошне вешто напишана приказна. Уште еден доказ за тоа е и фактот дека „Езеро“ доживеа дури три изданија од неговото објавување во ноември 2016 година.


Тадеј Голоб е уникатен писател кој добро се снаоѓа во многу жанрови и пишува за читателска публика од различни возрасти. Неговиот роман „Свински ножиња“ (2009) ја доби наградата Кресник во 2010 година, додека „Езеро“ беше финалист за наградата Кресник во 2017 година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s