Новости
Напиши коментар

Пајо Авировиќ со стихозбирката „На погрешната страна“ – кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“

Стихозбирката „На погрешната страна“ од Пајо Авировиќ, првото издание на малата независна издавачка куќа Чудна шума, е кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата.

Ова е второ издание на Чудна шума кое е во најтесен избор за една од најпрестижните книжевни награди во Македонија, по успехот на романот „Девет приказни од госпоѓица Сит“ на Билјана С. Црвенковска, кое влезе во најтесен избор за наградата Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година.

Жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска стихозбирка помеѓу две фестивалски изданија направи избор од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот. Еден од овие пет автори ќе биде прогласен за добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамки на Програмата на Фестивалот.

Листа од пет книги и автори одбрани за наградата „Браќа Миладиновци“ (по азбучен ред според презимето на авторот)

1. Пајо Авировиќ: На погрешната страна
2. Андреј Ал-Асади: Небесна геометрија
3. Долорес Атанасова- Лори: Небо во кафез
4. Ива Дамјановски: Двоумење
5. Јосип Коцев: Музеј на чувствата

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s