Чудна шума на Друга приказна #5: Грозовилата во страшната шума

Друга приказна #5

ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА
фестивал на детската книжевност

03.-05. септември, Младински културен центар, Скопје

Од 3 до 5 септември Чудна шума ќе учествува на петтото издание на книжевниот фестивал Друга приказна, под наслов: Грозовилата во страшната шума (според истоимената книга на Јана Бауер).

Јана Бауер од Словенија е добитничка на главната награда, а фестивалот е посветен на книжевноста за деца. 

Во трите фестивалски денови предвидени се десетина настани, од кои повеќето се со и за деца.

ПРОГРАМА 

(*Фестивалот ќе ги почитува сите здравствени протоколи за одвивање на културни настани; за деталите накнадно.)

03.09.20. (четврток)

19.00. – ГРОЗОВИЛАТА ПРИСТИГНУВА ВО СТРАШНАТА ШУМА 

Промоција на списанието МАРГИНА 92 (комплетно детски број), во кој има избор на песни објавувани на Чудна шума, од авторите: Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски, Румена Бужаровска, Ванчо Полазаревски, Николина Андова Шопова, Ана Голејшка Џикова, Тања Аждаја, и илустраторите: Јана Јакимовска, Зоран Кардула, Владимир Лукаш, Наташа Костовска, Алексеј Костовски, Наталиа Лукомска, Иван Ивановски, Љубиша Камењаров.
промотор: Никола Гелевски

19.30. – Отворање на изложбата ПЕТ ГОДИНИ ДРУГА ПРИКАЗНА; 
промотор: Владимир Јанчевски;
фотографии изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Драги Неделчевски и Небојша Гелевски

20.00. – ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ; книжевен натпревар со творби за деца;

учествуваат: Румена Бужаровска, Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Билјана Црвенковска, Снежана Стојчевска, Д. А. Лори, Ана Аврамовска, Николинка Ќорвезироска, Катерина Трајановска, Ана Голејшка Џикова…; водител: Ѓоко Здравески

04.09.20. (петок)

17.00. – КАКО ИЗГЛЕДА ГРОЗОВИЛАТА?; деца ја цртаат Грозовилата; 

аниматор: Доротеј Нешовски 

18.30. ГРОЗОВИЛАТА ГО СКРОТУВА ДИВИЛОТО; разговор за книжевноста за деца во С. Македонија;
учествуваат: Никола Гелевски, Ване Костуранов, Билјана Црвенковска и Марија Тодорова 

20.00. – ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЈАНА БАУЕР, добитничка на главната награда на фестивалот

– Сценско-театарски ПРИКАЗ НА ГРОЗОВИЛАТА; 
режија: Нела Витошевиќ

21.00. – Театар на сенки – Наш мал театар


05.09.20. (сабота)

18.00. ГРОЗОВИЛАТА ПРИРЕДУВА КНИЖЕВНА ЧАЈАНКА; разговори за книги со деца; 
аниматори: Билјана Црвенковска, Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска

20.00. Концерт: МОЈАТА ОМИЛЕНА ПЕСНА ЗА ДЕЦА;изведувачи: Ана Христова, Ива Дамјановски, Долорес Поповиќ, Џијан Емин, Оливер Јосифовски, Лепи Џони, Ненад Тонкин, Лукаш & Јовановиќ, Харикли & Лукаш, Сашко & Олег Костов, Сецко & Исак Хаџиќ

НАПОМЕНА

Сите три дена, од четврток до сабота, од 17 до 22 часот, на платото пред МКЦ ќе се продаваат книги за деца на издавачите: Темплум, Артконект, Чудна шума, Гаврош, ПНВ Публикации и Бегемот.

Автор на плакатот за фестивалот е Ѓорѓе Јовановиќ.

Фестивалот го организира книгоиздателството Темплум. 

Фестивалот го поддржаа: ТРАДУКИ и Министерството за култура на Република Северна Македонија 

Извор: Окно

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s