Новости
Напиши коментар

Чудна шума со неколку награди на Саемот на книгата

Македонската асоцијација на издавачи ги објави наградите за најдобри изданија и проекти меѓу двата саема во мај 2019 и септември 2020 година. Од вкупно осум категории, Чудна шума освои награди во шест категории, и тоа: 

Прво место за илустрираниот роман Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита Муча за најкреативно издание на саемот, како и трето место за најдобра книга за деца и млади, категорија во која награди добија и одличните книги за деца „Мочурливци“ од Барбара Симонити, со илустрации на Петар Шкерл, а во превод од словенечки на Дарко Спасов (издание на „Три“) и „The Game“ од Алесандро Барико, со илустрации на Сара Белтраме и Томазо Видус Розин, а во превод од италијански на Живко Грозданоски (издание на „Антолог“).

Илустрираниот роман „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита Муча, во издание на „Чудна шума“, комисијата го оценува како најкреативно издание помеѓу два саема, поради неговата оригинална „наопачкост“, односно принципот на читање одназад нанапред, кој е во корелација со темата што ја обработува приказната: дека понекогаш работите треба да се погледнат и од друг агол, поинаку, наопачки – пишува во образложението на комисијата, во состав Тони Димков – новинар, Иван Шопов – писател и Наташа Атанасова, претставник на МАИ.

Второ место за најдобро ликовно-графички уредено издание доби е-книгата „Шах со Бах“ од Владимир Мартиновски, илустрирана од Зоран Кардула, додека кампањата на Чудна шума за донирање 50% од средствата од продажбата на е-книгата „Шах со Бах за арт и музикотерапија за деца со посебни потреби во рамки на Детскиот креативен центар во МКЦ го освои третото место за поттикнување на општествена одговорност.

Електронската книга „Шах со Бах“ од Владимир Мартиновски се карактеризира исто така со врвно ликовно-графичко уредување, како на корицата на книгата, така и на секоја од внатрешните страници. Илустрациите на Зоран Кардула се своевидно „дело во дело“ – привлечни и за децата, и за возрасните – пишува во образложението на комисијата. 

Трето место – признание за иновативност, доби и е-списанието Чудна шума, кое, според комисијата со своето појавување и продукцијата на голем обем на квалитетна содржина за деца, со привлечни илустрации, аудиочитања и анимации пополни простор што стоеше празен пред и за време на појавата на коронавирусот. 

Покрај овие награди, второто место за најуспешен домашен автор комисијата го додели на писателката Билјана С. Црвенковска, која во периодот меѓу двата саема својата успешност ја забележува и со нејзиниот прв роман за возрасни, „Девет приказни за госпоѓица Сит“, кој влезе во најтесен избор за наградата Роман на годината за 2019 година на Фондацијата „Славко Јаневски“, како и со нејзината книга за деца „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“, кој влезе во најтесен избор за наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија. Исто така, за нејзината успешност придонесе и учеството во креирањето на серијалот „Светот на Биби“, како авторка на сценаријата и на сликовниците.

Изданијата на Чудна шума можете да ги најдете на Саем на книга на штандот на издавачка куќа Бегемот или со онлајн нарачки преку Митра.мк

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s