од Марта Чупевска

Другари од раѓање Не се делат Ни за спиење Сè прават во пар Ако едниот прв заспие, Другиот му е скар. Заедно јадат Цвеќиња вадат Заедно се капат, Неделава веќе третпат. Но денот дојде В градинка да се појде Детето слончето го гушна Му шепна „Те сакам“ Не знаејќи дал го слушна. Во градинка беше сосем умен Со мислите кај слонот гумен Зошто мора да пораснеме, И другарчиња да надраснеме? Кој ли сега ќе ме гушка, Ветрот лисја кога шушка? Кој ли стрпливо ќе чека Да му прочитам цела библиотека?
Илустрација: Бојан Ивановиќ
Од истата авторка: