Единаесетгодишната Ен Ширли никогаш немала вистински дом. По смртта на нејзините родители, постојано ја шетаат во разни згрижувачки домови и сиропиталишта. Кога по грешка ќе ја испратат да живее со Метју и Марила Катберт на големата Зелена фарма, сака засекогаш да остане таму. Но, Ен не е јадрото момче кое го очекуваа Метју и Марила.
Таа е палаво, зборлесто црвенокосо девојче со жесток темперамент, кое постојано запаѓа од една неволја во друга. Катбертови се согласни дека Ен е сосема поразлична од сите; таа е посебна, девојче со бујна фантазија. Сè што сакала во животот е да припаѓа некаде. И колку подолго останува на Зелената фарма, толку им е потешко на сите да си го замислат животот без неа.
Според оваа книга е снимена и популарната серија на Нетфликс – „Ен со Е“ (Anne with an E).

Ен од зелената фарма – роман на Луси Мод Монтгомери
цена: 350 ден.
Онлајн нарачки:
Возраст: над 9 години
Луси Мод Монтгомери – „Ен од Зелената фарма“
Превод: Диана Николовска
Илустрација на корица: Ване Костуранов
Категорија/жанр: Книга за деца; роман
Едиција: Безвременски приказни
Формат: А5
Повез: мек
Број на страници: 272
ИСБН: 978-608-66234-1-8
Година на издавање: 2020