Драги деца, во нашето е-списание „Чудна шума“ долета „Дијана од планетата Зана“ – серија поврзани приказни за ова посебно девојче.
Она што е интересно во врска со Дијана е што таа и приказните за неа се измислени од едно седумгодишно девојче – кое сега е веќе голема писателка, Билјана С. Црвенковска.
Но, приказните за Дијана сè уште се пишуваат.
Ве повикуваме да ги читате и коментирате, да ни праќате ваши размислувања за Дијана, за нејзината планета, за нејзиното милениче Чу и нејзиниот бумборд… да ни праќате ваши приказни и цртежи во врска со неа.
А потоа?
Потоа, кој знае, можеби и вие ќе се најдете во приказните на Дијана!
Ве очекуваме да ни пишете на chudnasuma@gmail.com.
Чао, чао, чококакао!
