од Андреј Розман Роза

Креветот е веќе спремен, а под ќебе гуштер зелен. Го клоцнеш ли пред топол сон, ќе те касне право в ѓон. Викнеш ли од страв, ќе го разбудиш смокот прав, кој спокојно мустак мие и под постела мирно спие. Од него никој нема страв, не е тој ко змиите прав! А кога од страв угоре ќе врисне, и до тебе удри, стисне, силно знае тој да стегне и секого в постела да легне. И затоа прчиш нос леташ надвор – среќа бос, фрлаш чевли, правиш лом, во нив скорпија свила дом. Сега станува страшно. Стравот сее бело брашно сега, сега, канџа ќе те фати, сенка црна ќе ти плати и вампир некој или волк, на бегање ќе ти фати колк. Сега од сè имаш страв, сам ноќе, полно прав. Гледаш едно големо цвеќе, и од него бегаш, не знаеш веќе, цвеќе ли е или ѕвере, има полен или месо ждере. Еве помош, еве батко, но крадец бил на вкусно слатко, жив го фати како крка и со раце плен си срка. Штом те гледа како крава, може да ти летне глава. „Помош!“ гласно викаш в силен тон. СЕГА СПИЈ И МИРЕН СОН.
Препев од словенечки: Дарко Спасов
Илустрација: Катерина Николовска
© Андреј Розман Роза. © Чудна шума, за оваа објава. Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на овој текст во целост ниту во делови.
Поезија за деца. Мислев дека никој веќе не се занимава со ваква “неважна” работа. Извонреден превод. Ја враќате надежта во ова изопштено општество.
Ми се допаѓаМи се допаѓа