Новости
Напиши коментар

Креативни работилници за средношколци „Ја менуваме околината, го менуваме светот“

Веќе втора година по ред, издавачката куќа Чудна шума организира креативни работилници за млади – средношколци на возраст од 14 до 18 години. Работилниците опфаќаат две области, креативно пишување и ликовна уметност, а темата на која ќе се твори е една од поважните теми што ги засегаат младите: „Ја менуваме околината, го менуваме светот“. 

Предавачи на двете работилници се писателката и сценаристка Билјана С. Црвенковска и ликовниот уметник Доротеј Нешовски. 

На работилницата по ликовна уметност ќе се разговара и ќе се работи за ликовната уметност во различни техники, ќе се предава за инсталации во простор и за креирање на стрип.

На работилницата по креативно пишување ќе се работат техники на пишување на текстови во повеќе жанрови: проза, поезија, драма, сценарио…

Поради пандемијата со Ковид-19, работилниците целосно се одвиваат онлајн, преку апликацијата Зум. 

1. Ликовни работилници: 

– Ликовна уметност, инсталација во простор, стрип

– Времетраење на една работилница: 40 минути

– Предавач: Доротеј Нешовски, ликовен уметник

– Пријавување на: nesovskidoro@gmail.com

2. Креативно пишување: 

– Проза, поезија, драмски текст, сценарио, стрип-сценарио

– Времетраење на една работилница: 2 х 40 минути со кратка пауза

– Предавач: Билјана Црвенковска, писателка и сценарист

– Пријавување на: biljana.crvenkovska@gmail.com

Возраст на учесниците: од 14 до 18 години

Термини: секоја среда, од 21 октомври до 18 ноември, од 18:30 часот

Одржувањето на работилниците е преку Зум апликација. Работилниците се бесплатни, а бројот на учесници е ограничен.

Работилниците се поддржани од Град Скопје. 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s