Изданија, Книги за деца, Прирачници
Напиши коментар

Прирачник за проучување на природата

Истражувањето и проучувањето на природата се најстарите човекови активности. Преку нив, тој ја спознавал територијата што ја населува, просторот во кој живее и се храни, како и живиот свет – флората и фауната. Но, денес, кога природата под влијанијата на човекот драстично се менува, потребно е повторно одблизу да се запознаеме со нејзините вредности и елементи. Преку посета на природата и едуцирање за сите живи организми, се поставуваат темелите за нејзината заштита.

Овој прирачник во неколку поглавја дава практични совети и методи како можеме да го проучуваме живиот свет околу нас, при прошетка низ шума, пикник или дури посета на градскиот парк.

Темите, таксономски поделени, даваат и насоки, но и пораки за важноста на живиот свет околу нас.

Во овој прирачник, наменет за сите возрасти, претставени се методи од апликативната екологија преку кои читателот може да го проучува живиот свет. Почнување на истражувачки дневник, следење на промените на сезоната, набљудување инсекти, птици и цицачи, како и собирање растенија и изработка на хербариум се само дел од содржините на овој прирачник.

Целта на прирачникот е да го натера читателот да поминува колку што е можно подолго време на отворено во природа, да го спознава и да го набљудува живиот свет, да се грижи за загрозените живи организми и да го зголеми своето познавање за националните, но и за светските природни вредности.


ПРИРАЧНИК ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА – на Кирил Арсовски-Пржо, со илустрации на Хари Дудески

цена: 450 ден.


Онлајн нарачки:


Возраст: 9 – 99


Кирил Арсовски-Пржо – „Прирачник за проучување на природата“

Илустрации: Хари Дудески

Категорија/жанр: Прирачник

Едиција: Шумопедија

Формат: Б5

Повез: мек

Број на страници: 104

ИСБН: 978-608-4938-01-9

Година на издавање: 2020

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s