Поезијата на Авировиќ е универзална, разбирлива на сите меридијани. Од друга страна, таа е длабоко национална, потекната од оваа почва и од овој воздух. Имено, отсликувајќи го она што ни се случува, Пајо Авировиќ всушност го отсликува групниот карактер на луѓето што живеат тука, неговото проклетство и неговата исконска судбина.
Sвездан Георгиевски, рецензент
„Б&Б – вивисекција на едно време“ е трето книжевно дело на Пајо Авировиќ, а втора збирка поезија.

Велите: тој голем носталгичар Плаче по минатото Не сме се разбрале Глупаво е да жалиш за минатите времиња За нешто што било и не може да се врати Јас всушност жалам за идните времиња Оние за кои нема кој да жали
Пајо Авировиќ – „Б&Б“
Илустрација на корица: Зоран Кардула
Категорија/жанр: Поезија
Едиција: Корија
Формат: А5
Повез: мек
Број на страници: 88
ИСБН: 978-608-4938-00-2
Година на издавање: 2020